Јапонецот Кеисуке Хонда има нов тим.
Искусниот 33 годишен играч денес потпиша договор со бразилски Ботофаго. Бразилскиот тим Јапонецот го претстави на навистина необичен начин. Потврдата за трансферот ја направија користејќи „Гејмбој“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Хонда во богатата кариера играше за Нагоја, Венло, Милан, Мелбурн и Пачуча, а во последните два месеци беше член на Витесе во Холандија.
Интересно е што претходно се пишуваше дека Хонда бара Ботофаго да му обезбеди блиндиран автомобил за да потпиша, па изгледа клубот го исполнил тоа негово барање.