Jaвно се понуди на Манчестер Јунајтед и Милан, а Вардар му испрати понуда…Сега Хонда пронајде нов ангажман.
Искусниот Јапонец кој во текот на летото го прослави 33-тиот роденден потврди дека ќе се пресели во холандски Витесе. Имајќи предвид дека во текот на летото му заврши договорот со австралискиот Мелбурн може да потпише договор и кога не е отворен преодниот рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Витесе Хонда прво ќе биде на проба за Холанѓаните да проценат во каква физичка форма се наоѓа.
Главниот виновник што Хонда ќе игра тука е неговиот поранешен тренер од ЦСКА, Леонид Слук. Пет години соработуваа во Русија, освоија четири трофеи и се функционираше одлично, па Слук се надева дека таква соработка ќе остварат и во Холандија.
Самиот Хонда има една цел, преку клупскиот фудбал одново да добие повик во репрезентацијата.