Иако навивачите на двата клуба „војуваат“ сопствениците се повеќе соработуваат.
Се почести се трансферите помеѓу Фиорентина и Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марко Пјаца од денес е официјално член на клубот од Фиренца. Пјаца пристигнува на позајмица за три милиони евра, а Фиорентина има право на откуп нареднот лето.
Цената според која Фиорентина може да го откупи Пјаца наредното лето изнесува 22 милиони евра, но има уште една ставка во договорот која и тоа како и одговара на „старата дама“.
Имено, Јувентус успеа да договори ставка според која во било кој момент може да го врати Пјаца за 26 милиони евра.
Mинатата сезона Пјаца ја помина во Шалке како позајмен фудбалер.
#Pjaca è arrivato a Firenze#NoiSiamoFirenze #InsiemeSiAmoPiuForti pic.twitter.com/7Y3uFPHNDs
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) August 7, 2018