Дома Трансфер зона Официјално: Џошуа Зиркзе е играч на Манчестер Јунајтед

Официјално: Џошуа Зиркзе е играч на Манчестер Јунајтед

Тоа што се најавуваше изминативе денови сега доби официјална потврда, Џошуа Зиркзе е нов играч на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


22-годишниот Холанѓанец денес го комплетираше трансферот и стави потпис на договор со „црвените ѓаволи“ до 2029 година.

„Привилегија е да се игра за овој легендарен клуб. Знам колку возбудлива ќе биде иднината тука и со нетрпение чекам да ја одиграм својата улога и да помогнам да се забележи успех. Јас сум играч кој секогаш го дава максимумот за победа, подготвен сум за новиот предизвик“, изјави Зиркзе.

Зиркзе играше за младите категории на Баерн Минхен, а кратко и за првиот тим, по што го носеше дресот на Парма и на Андерлехт. Минатата сезона блесна играјќи за Болоња, па Јунајтед плати 40 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…