Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг се пресели во лондонски Арсенал на едногодишна позајмица во финишот на летниот преоден рок.
Стерлинг кој настапуваше за Ливерпул, Манчестер Сити и Челси, вели дека потпишувањето за Арсенал е перфектно за него во иднина.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Потпишувањето за Арсенал е навистина неверојатно чувство. Се ежам. Ова е перфектно за мене.
Гледате глад во овие фудбалери, заедништво, сакам да сум во таков тим. Ќе го видите најдоброто од мене“, изјави Стерлинг.