Дома Фудбал Официјално: Симеоне во Атлетико до 2027 година

Официјално: Симеоне во Атлетико до 2027 година

Диего Симеоне стави потпис на нов тригодишен договор со Атлетико Мадрид, потврдија од клубот.

Аргентинецот, кој е на кормилото на тимот од 2011 година, му донесе многу успеси на „јорганџиите“, па клубот сакаше да го задржи и во наредните три години.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Симеоне откако седна на клупата буквално го препороди Атлетико освои две титули во Лигата на Европа, како и две титули во Ла Лига, а два пати играше и во финалето на Лигата на шампиони.

Симеоне е тренер со најмногу натпревари во историјата на Атлетико или поточно досега го има водено тимот на 642 натпревари во кои има забележано 380 победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваква драма на се памети: Серија А го закажа датумот за потенцијална мајсторка за титулата!

Фудбалерите на Наполи и Интер ќе се натпреваруваат во последното коло на Серија А во петок…