Дома Трансфер зона Официјално: Севиља ја претстави холандската ѕвезда!

Официјално: Севиља ја претстави холандската ѕвезда!

Тимот на Севиља денес и официјално го објави трансферот на холандскиот репрезентативец Квинси Промес, кој доаѓа од Спартак Москва.

Клубот од Андалузија за потписот на Промес плати 20 милиони евра, а крилниот напаѓач денес потпиша 5-годишен договор.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


26-годишниот Промес четири години беше дел од Спартак каде одигра 135 меча на кои постигна 66 гола и запиша 34 асистенции. Притоа има 28 настапи за холандската репрезентација.

Холанѓанецот сигурно ќе биде големо засилување за Севиља и се очекува да биде партнер во нападот на Андре Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид и Барселона ја следат ситуацијата со Халанд

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд сака да го напушти Манчест…