Рома денес на својата официјална страна го потврди трансферот на Ченгиз Ундер.
Италијанскиот клуб очигледно ова лето има намера да доведува млади фудбалери и јасно е дека Мончи размислува за иднината на клубот. Рома на својата официјална страница денес потврди дека Ченгиз Ундер пристигнува од Басакешир.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Ченгиз успешно ги помина лекарските прегледи, а рано утрово потпиша договор со римскиот клуб. Турчинот со италијанскиот клуб потпиша петгодишен договор, а Басакешир од овој трансфер ќе заработи 13.4 милиони евра, плус 1.5 милиони евра преку бонуси. Тој во Рома ќе го носи дресот со бројот 17.
„Воодушевен сум и возбуден што пристигнав во Рома. Со нетрпение чекам да се приклучам на овој тим и да започнам да играм. Имав повеќе понуди, но на крајот се одлучив за Рома“, изјави Ченгиз.