Дома Фудбал Репрезентации Официјално: Објавена втора заедничка кандидатура за домаќинство на СП 2030!

Официјално: Објавена втора заедничка кандидатура за домаќинство на СП 2030!

Мароканскиот крал Мохамед VI објави заедничка кандидатура на Мароко, Шпанија и Португалија за организација на Светското првенство 2030 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Објавувам дека Мароко одлучи со Шпанија и Португалија да поднесе заедничка кандидатура за домаќинство на Светското првенство“, изјави мароканскиот крал.

Пораката ја прочита министерот за национално образование и спорт, Чакиб Бенмус.

„Оваа заедничка кандидатура ќе биде историски затоа што ќе биде спој на Африка и Европа, помеѓу северот и југот на Медитеранот и измеѓу афричкиот, арапскиот и евро-медитеранскиот свет“, истакна во пораката

Мароко во минатото неколку пати се кандидираше за домаќин на Светското првенство, а најблиску беше во 2010 година кога организацијата ја доби Јужна Африка. Ова е втора официјална кандидатура откако претходно тоа го направија Аргентина, Чиле, Парагвај и Уругвај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Зошто Челси трета година по ред нема спонзор на дресот?

Поранешниот шеф за глобален маркетинг во Челси, Кристијан Перслоу, сподели впечаток за нео…