Дома Фудбал Англија Официјално: Нов важен потпис во Ливерпул!

Официјално: Нов важен потпис во Ливерпул!

Младиот дефанзивец на Ливерпул и англиски репрезентативец, Џо Гомез денес стави потпис на нов договор и ја потврди верноста кон „црвените“ до јуни 2024 година.

Актуелниот договор на Гомез истекуваше во 2022 година, но дефанзивецот се етаблираше како многу важен играч во тимот на Клоп, па клубот му понуди нов договор.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Потписот стигна само неколку дена откако англискиот репрезентативец се здоби со фрактура на стапалото, поради што ќе биде надвор од терените 6 недели.

„Го сакам Ливерпул, сакам да играм тука и да напредувам. Среќен сум што тоа ќе продолжи и во наредните години. Единствено сакав до сега да имав помалку повреди, но и тоа е дел од фудбалот“, изјави 21-годишниот дефанзивец.

Гомез инаку израсна во академијата на Чарлтон, а на „Енфилд“ пристигна пред четири години како голем талент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Би било интересн: Надал сака да игра турнир со Ѓоковиќ, Мареј и Федерер, но – не во тенис!

Еден од најголемите тенисери во историјата и новопечениот пензионер сака повторно да се со…