Хрватскиот тренер Нико Ковач ќе го наследи Јуп Хајнкес на клупата во Баерн Минхен по завршувањето на сезоната, потврди реномираниот „Билд“.
За Ковач, кој моментално е тренер на Ајнтрахт Франкфурт, клубот од Минхен ќе плати откупна клаузула од 2,2 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во прилог на ова е и информацијата дека Ковач веќе го известил спортскиот директор на Ајнтрахт дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот.
Оваа вест прв ја објави новинарот на „Билд“ Кристијан Фалк, а денес Баерн Минхен ја потврди веста.
„Постигнавме договор за тригодична соработка со Ковач“, потврди спортскиот директор на Баварците, Салихамиџиќ.
? DEAL DONE: Bayern Munich have confirmed that they have appointed Niko Kovač on a three-year contract as their new head coach. He'll join in July. (Source: @FCBayernEN) pic.twitter.com/B5ZZ4AmbKg
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 13, 2018