Дома Фудбал Англија Официјално Мората го облече плавиот дрес

Официјално Мората го облече плавиот дрес

Шпанскиот фудбалер, Алваро Мората и официјално е нов фудбалер на Челси.

Иако Челси ја објави информацијата за договорот со Реал пред два дена, Мората дури денес ги мина лекарските прегледи и потпиша петгодишен договор.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Челси на Реал му плати 58 милиони фунти, а оваа цифра може да оди и до 70 милиони зависно од играта на Мората во плавиот дрес.

Шпанскиот репрезентативец ќе им се придружи на подготовките на Челси во Азија, а по потписот истакна дека е многу задоволен.

„Среќен сум што сум овде. Се чувствувам фантастично што сум дел од овој тим. Ќе работам напорно, ќе постигнам погодоци колку што ќе можам и ќе се потрудам да освојам што е можно повеќе трофеи“, истакна Мората по потпишувањето на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кејн: Ова е една од најдобрите англиски селекции во историјата

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека актуелниот сост…