Дома Фудбал Официјално: Монтела е нов тренер на Севиља!

Официјално: Монтела е нов тренер на Севиља!

Како што беше и најавено, Винченцо Монтела е нов тренер на Севиља, потврди шпанскиот клуб!

Монтела неодамна доби отказ од Милан, но веднаш пронајде нов ангажман и денес потпиша договор со клубот од Андалузија до 2019 година.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Монтела во Севиља ќе го замени Едуардо Берицо кој доби отказ после серијата на слаби резултати.

Не е познато кои ќе бидат во стручниот штаб на Монтела, се очекува негов асистент да биде неговиот сонародник Енцо Мареска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го избра идеалниот тим од 11 играчи на сите времиња (Фото)

Роналдо Назарио – Ил Феномено – е име што и денес предизвикува почит каде и да…