Нов фудбалер на Ливерпул денес стана аргентинскиот играч за врска Алексис Мекалистер.
Светскиот шампион со Аргентина потпиша договор на пет години со „црвените“ и ќе го носи дресот со број десет, објави Ливерпул на својот официјален сајт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англискиот гигант не го прецизираше износот на трансферот, но се проценува дека станува збор за сума од околу 40 милиони евра. Макалистер во својот договор со Брајтон имаше клазула од 40 милиони евра, но изгледа дека Ливерпул успеал да ја спушти цената.
„Сакав да бидам тука од првиот ден на предсезоната, затоа и добро е што се е завршено. Се радувам на средбата со фудбалерите. Зад мене е фантастична година. Бевме спектакуларни на Светското првенство и имав успех со Брајтон, сега е време да размислувам за Ливерпул“, изјави Мекалистер на претставувањето.
Мекалистер во Брајтон помина четири сезони и во тој период прерасна во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата.
We have reached an agreement for the transfer of @alemacallister from Brighton & Hove Albion on a long-term deal for an undisclosed fee ✍️
— Liverpool FC (@LFC) June 8, 2023