Дома Трансфер зона Официјално: Луис Нани се врати „дома“

Официјално: Луис Нани се врати „дома“

После 11 години, Луис Нани се врати во клубот кој го лансираше во фудбласката орбита.

Повеќенеделните преговори беа успешно завршени и Португалецот потпиша договор на две години со клубот од Лисабон.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Овој трансфер е големо олеснување за Валенсија која едвај чекаше да се ослободи од неговата плата која изнесуваше 2.5 милиони евра и која премногу го оптеретуваше клупскиот буџет.

Нани минатата сезона ја помина позајмица во Лацио каде што не остави посебен впечаток, па клубот од Рим не се одлучи да го откупи неговиот договор.

Поради тоа Валенсија се согласи да го пушти за „џабе“. Со оглед на тоа Португалците не плаќаа оштета, прифатија Нани да ја добива истата плата како и во шпанскиот клуб. Во неговиот договор ќе нема фиксна откупна клазула.

Португалецот е шесто засилување за Спортинг ова лето. Пред него пристигна Марсело (Рио Аве), Жатоба (Динав), голманот Вивиано (Сампдорија), Рафиња (Виторија Гуимараеш) и Бруно Гашпар (Фиорентина).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…