Дома Фудбал Италија Официјално: Киеза нов играч на Ливерпул!

Официјално: Киеза нов играч на Ливерпул!

Екипата на Ливерпул го потврди ангажманот на Федерико Киеза кој потпиша договор на четири години со „црвените“.

Киеза во Јувентус пристигнува откако Тијаго Мота јасно му порача дека не смета на него за актуелната сезона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Италијанскиот репрезентативец изрази задоволство од потписот со англискиот гигант.

„Среќен сум што станав играч на Ливерпул. Без размислување ја прифатив понудата. Знам дека пристигнувам во клуб со голема историја и фантастични навивачи“, изјави Киеза.

За неговите услуги Ливерпул плати сума од 15 милиони евра.

Во ерата на Арне Слот тој е второ засилување по голманот Гиорги Мамардашвили кој претходно оваа недела потпиша договор до 2025/2026, но тој ќе остане како позајмен фудбалер во шпанскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Капинковски си замина од Пелистер по слабиот старт на сезоната

Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста дека по взаемен договор се раздели со досе…