Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Кристиан Ериксен е нов играч на Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Данскиот плејмејкер денес официјално беше претставен како нов играч на „црвените ѓаволи“ и ќе остане на „Олд Трафорд“.
Ериксен во Јунајтед пристигнува како слободен играч откако претходните неколку месеци ги помина во Брентфорд.
Данецот пред една година доживеа тежок срцев удар на натпреварот од Европското првенство помеѓу Данска и Финска.
Иако се сметаше дека неговата кариера е завршена, тој продолжи да игра со вграден дефибрилатор и изминатите шест месеци покажа дека може да игра на високо ниво во Премиер лигата.
Christian Eriksen is a RED! ✍️🔴#MUFC || @ChrisEriksen8
— Manchester United (@ManUtd) July 15, 2022