Борусија Дортмунд го официјализираше трансферот на Емре Чан, кој доаѓа од Јувентус.
Двата клуба се договорија за позајмица на германскиот репрезентативец за 2 милиони евра и задолжителен откуп на лето од додатни 25 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Емре Чан оваа сезона не беше во плановите на тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, има одиграно само 279 минути оваа сезона во Јувентус, па сакаше по секоја цена да ја промени средината.
Емре Чан од поодамна постигна договор со „милионерите“ и се согласи на помала плата, па денес и официјално стави потпис на договорот.
Emre Can ? pic.twitter.com/DlL2LEvu1T
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) January 31, 2020