Раководството на Евролигата соопшти дека на неопределено време ги суспендира сите натпреварувања.
Евролигата ги следи препораките од Светската здравствена организација (СЗО), која прогласи пандемија во светот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Откако СЗО прогласи пандемија на коронавирусот, Евролигата со клубовите се договорија за привремен прекин на Евролигата, Еврокупот и младинските натпреварувања“, соопштија од организацијата.
На ваков чекор претходно се реши и ФИБА, која ги одложи сите натпревари под нејзино покровителство, a од утре нема да се игра ниту во НБА лигата.