Дома Трансфер зона Официјално: Важен потпис во Сити вреден 200.000 евра неделно!

Официјално: Важен потпис во Сити вреден 200.000 евра неделно!

После периодот во кој преговараше Кајл Вокер денес потпиша нов договор со Манчестер Сити и така ја продолжи соработката на дополнителни две години.

Тоа значи дека Вокер во Манчестер Сити би требало да остане до 2024 година.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер Сити денес го потврди продолжувањето на договорот со 29 годишниот дефанзивец, а англиските медиуми шпекулираат дека Вокер со овој договор ќе заработува 180.000 фунти (202.000 евра) неделно.

„Возбуден сум поради потпишувањето на новиот договор. Играњето за Манчестер Сити е нешто кое го замислував, па дури и повеќе. Ова беше лесна одлука. Сакам да се борам за трофеи и да играм на највисоко ниво, а чуствувам дека многу напредував од кога сум тука“, изјави Вокер.

Кајл Вокер во Манчестер Сити пристигна во 2017 година од Тотенхем за нешто повеќе од 52 милиони евра.

Од тогаш во дресот на Манчесте Сити запиша 100 настапи постигна два гола и забележи осум асистенции.

За две години на „Етихад“ со Сити освои шест трофеи. Два пати стана шампион на Англија, два пати го освои Лига Купот, еднаш ФА Купот и англискиот Супер Куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Осимен се сели во Премиер лигата

Виктор Осимен би можел да се пресели во Премиер лигата и да го засили Манчестер Јунајтед, …