Управниот одбор на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина денес го промовираше Фарук Хаџибегиќ за нов селектор на оваа репрезентација.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хаџибегиќ е легенда на екс југословенскиот фудбал, а потоа и босанскиот. На местото селектор во Босна го наследува Бугаринот Ивајло Петев.




Именувањето на Хаџибегиќ не е некое изненадување затоа што се најавуваше и претходно.




За него ова е втор мандат на клупата на Босна претходно кратко, неколку месеци ја водеше репрезентацијата во 1999 година.



