Дома Актуелно Официјално: Бираги е нов играч на Интер

Официјално: Бираги е нов играч на Интер

Интер официјално го потврди трансферот на Кристиано Бираги, кој доаѓа од Фиорентина на едногодишна позајмица.

Левиот бек ќе има статус на позајмен фудбалер, а „нероаѕурите“ следното лето ќе имаат можност да го откупат неговиот договор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


26-годишниот италијански репрезентативец е дете на Интер каде дебитираше за првиот тим и запиша два настапи во Лигата на шампиони.

Потоа играше на позајмица во многу клубови во пониските лиги, а од минатата година стана сопственост на Фиорентина каде пружи одлични партии.

Ова за Бираги е враќање во матичниот клуб, а Интер како дел од трансферот го испрати Далберт во Фиорентина, исто така на едногидишна позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Лига 1 2025/26 – Кој ќе ја освои титулата?

Како што се приближува почетокот на Лига 1 2025/26, вниманието на љубителите на фудбалот п…