Дома Трансфер зона Официјално: Барселона испрати уште еден играч на позајмица

Официјално: Барселона испрати уште еден играч на позајмица

Чави Ернандез пред почетокот на сезоната порача дека Алекс Коладо ќе добие вистинска шанса во првата екипа на каталонскиот гигант.

Коладо ова лето се врати на позајмица од Гранада и Чави одлучи првобитно да му даде шанса во првата екипа и се очекуваше дека овој играч за врска ќе остане. 23-годишникот остави добар впечаток на припремите, но изгледа Чави го променил мислењето па ќе го испрати да собира искуство.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Одличниот играч добил неколку понуди, но на крајот се одлучил да ја прифати онаа од Елче. Барселона денес потврди дека Коладо го напуштил клубот и дека до крајот на сезоната ќе игра во Елче.

Исто така постои можност Коладо да не се врати во Барселона идното лето затоа што му истекува договорот и засега не добил понуда да го продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…