Беневенто го доведе францускиот ветеран.
Она што вчера го потврди „Скај“ денес доби и официјална потврда, Бакари Сања е нов фудбалер на Беневенто.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
34 годишниот Сања потпиша договор со Беневенто до крајот на сезоната, а истиот има опција за продолжување и на уште една година.
Сања се очекува да биде големи засилување „вештерките“ кои се главен кандидат за преселба во Серија Б.
Французинот кариерата ја започна во Оксер, а најмногу се задржа во Арсенал каде што остана се до 2017 година. Во Беневенто пристигнува како слободен играч.
Медиумите на Апенините истакнуваат дека за да се пресели во Беневенто одбил понуда од Брага.