Дома Фудбал Англија Официјално: Алардајс ќе го спасува Лидс!

Официјално: Алардајс ќе го спасува Лидс!

Како и што се најавуваше, Сем Алардајс е нов тренер на Лидс. Алардајс во Лидс го наследува Хави Гарсија и ќе го води тимот до крајот на сезоната.

Гарсија на клупата на Лидс се задржа само 12 натпревари и доби отказ по лошите резултати.

Денес е оофицијално потврдено дека во преостанатите четири натпревари тренер ќе биде Алардајс.

Искусниот стратег ќе добие плата од 500.000 фунти, но и бонус од 2.5 милиони фунти ако го задржи тимот во Премиер лигата.

Во овој момент Лидс е на 17-тата позиција со ист број на бодови како Нотингем кој е последен во опасната зона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вакво нешто не сте слушнале досега: Португалец го одби Њукасл поради неверојатна причина

Њукасл разговараше со сите сили да го добие Жоао Палинја, португалскиот играч за врска. Пр…