Сем Алардајс е тренерска легенда во англискиот фудбал, но со неговиот последен ангажман во Лидс не се прослави.
Алардајс седна на клупата на Лидс на четири кола пред крајот на првенството и на промоцијата самиот се пофали дека во фудбалско знаење ниту еден менаџер во Англија не е пред него.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Но, Лидс во тие четири натпревари изгуби од Манчестер Сити, Вест Хем и Тотенхем, а ремизираше со Њукасл и така испадна од лигата.
За тој краток период на клупата Алардајс собори еден негативен рекорд во Премиер лигата. Тој стана тренер кој најбрзо добил отказ од еден премиер лигаш. Во Лидс помина 30 дена, досегашниот рекордер беше Лес Рид тој во 2006 година го водеше Чарлтон десет дена повеќе.
За оваа неславна епизода Алардајс заработи околу 580.000 евра.