Напаѓачот на Реал Мадрид, Маријано Дијаз веќе ги спакувал куферите и кариерата ќе ја продолжи во Серија А, пренесуваат шпанските медиуми.
Маријано Дијаз сака да го напушти Мадрид бидејќи не добива доволно минутажа кај Зидан, а најсилен интерес за неговиот потпис покажува Рома.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рома веќе испратила понуда до неговиот агент, играчот сака да се пресели на „Олимпико“, а Реал нема да му стои на патот.
26-годишниот напаѓач оваа сезона не одигра ни секунда за Реал, а тренерот на „волчицата“ смета дека бин бил идеален партнер на Един Џеко.
Рома сака да го донесе Дијаз на позајмица до крајот на сезоната, со можност да го откупи неговиот договор на лето.