Дома Фудбал Откриен составот со кој Зидан ќе ги започне „Ел Класико“

Откриен составот со кој Зидан ќе ги започне „Ел Класико“

Зинедин Зидан има кадровски проблеми пред  важни натпревари кои го очекуваат во Ла Лига, меѓу кои е и „Ел Класико“ на „Камп Ноу“ против Барселона.

Тренерот Зинедин Зидан не може да смета на Марсело кој е повреден, а на Ел Класико најверојатно нема да играат ниту Герет Бејл и Еден Азар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„АС“ објави дека Зидан на теренот ќе излезе со двајца напаѓачи, односно со формација 4-3-1-2. Секако, во случај уште некој да не се повреди пред мечот со Барселона.

На голот ќе биде Куртоа, Карвахал како десен бек, Варан и Рамос во центарот на одбраната, а Менди ќе игра како лев бек.

Пред одбраната ќе играат Крос заедно со Модриќ и Валверде, а Иско ќе биде најистурен во средниот ред, додека во нападот покрај Бензема, ќе игра и Родриго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …