Дома Фудбал Англија Откриено што се случувало во соблекувалната на Челзи после ситуацијата со Кепа

Откриено што се случувало во соблекувалната на Челзи после ситуацијата со Кепа

sarri caballero

Кепа Аризабалага во неделата во финалето во Лига Купот направи потег со кој предизвика бура од реакции во јавноста.

Младиот голман на Челзи одби да го напушти теренот во финишот на второто продолжение иако тренерот Маурицио Сари за пенал серијата на голот сакаше да го испрати Вили Кабаљеро.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во прв момент се тврдеше дека Кепа нема да добие казна од клубот, меѓутоа „сините“ сепак го казнија Баскиецот. Кепа е казнет со една неделна неделна плата (200.000 фунти) која ќе биде донирана во хуманитарни цели.

Голманот се огласи после казната и порача дека ја прифаќа и се извини на соиграчите, тренерот и навивачите. Неговото извинување беше прифатено и од Сари кој повторно потенцираше дека станувало збор за недоразбирање.

Сега англиски „Мирор“ открива што се случувало во соблекувалната на Челзи после финалниот натпревар кој го загубија на пенали.

„Мирор“ објави дека играчите на Челзи застанале зад Сари и му искажале подршка на Вили Кабаљеро кој поради одбивањето на Кепа извиси и остана покрај аут линијата. Сари во тие моменти отворено пред сите го запрашал Кепа.

„Како можеше да направиш такво нешто“?“, Сари бил навистина лут (тоа можеше да се види и во снимките додека се наоѓаше на клупата), а ситуацијата ја смирувал дефанзивецот Антонио Рудигер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…