Дома Трансфер зона Откриено кој го блокирал трансферот на Ибрахимовиќ во Милан

Откриено кој го блокирал трансферот на Ибрахимовиќ во Милан

Изгледа дека Златан Ибрахимовиќ ја приведува кон крајот својата МЛС авантура и размислува за нов предизвик.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се погласно се споменува враќањето на 38 годишниот напаѓач во Европа, а и овој пат во шпекулациите може да се прочита и името на Милан.

Меѓутоа сега работата не е сериозна како што беше случај минатата година. Реално, шансите да се врати Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“ се многу мали.

Минатата година ситуацијата беше поинаква. Интезивно се шпекулираше дека Ибрахимовиќ може да се врати во Милан, а „Газета дело Спорт“ тврди дека тогаш Швеѓанецот се согласил да се врати во таборот на „росонерите“.

Сепак, тогаш трансферот бил блокиран од еден човек – Иван Газидис.

Газидис е шеф на финансии во Милан и сметал дека враќањето на Ибрахимовиќ не е исплатливо со оглед на неговата висока плата.

Ќе потсетиме, Ибрахимовиќ своевремено одигра две сезони во Милан и за тој период постигна 56 голови и запиша 24 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…