Се било спремно за голем трансфер, но…
Како што пренесуваат англиските медиуми, Флорентино Перез и Зинедин Зидан се сложиле дека Герет Бејл може да замине, понудата пристигнала од Манчестер Јунајтед кој за услугите на Велшанецот подготвил 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубовите се договориле се било спремно Бејл да се врати во Премиер лигата каде што претходно со голем успех го носеше дресот на Тотенхем, но самиот фудбалер одбил да се пресели на „Олд Трафорд“.
Со овој потег Бејл ги расипал и плановите на „кралевите“ кои имале намера со сумата која што ќе ја добијат од „ѓаволите“ да го доведат Килијан Мбапе кој на крајот заврши во редовите на ПСЖ.
Наводно, на фудбалерот не му се допаднала идејата повторно да соработува со Жозе Мурињо и одлучил да остане на „Стантијаго Бернабеу“ барем уште една сезона.