Дома Фудбал Останато Откриени доверливи документи: Вредат ли солзите на Меси? – Еве какви услови и поставил на Барселона

Откриени доверливи документи: Вредат ли солзите на Меси? – Еве какви услови и поставил на Барселона

Лионел Меси во летото 2021 година ја напушти екипата на Барселона откако претходно целата кариера ја помина во овој клуб.

Меси и Барселона не успеаа да се договорат околу соработката и како слободен играч во август 2021 година потпиша за ПСЖ. Аргентинецот во солзи го напушти „Камп Ноу“, плачеше како мало дете на заминувањето тврдејќи дека направил се што е во негова моќ за да остане.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа сега се појавиле документи кои докажуваат Меси и неговиот татко барале многу повеќе и тука љубов немало. „Ел Мундо“ објави документи и мејлови кои ги разменувале Жорге Меси и претставници на Барселона. Станува збор за неверојатни барања кои Меси и ги поставил на Барселона.

„Мечови нека им висат над главата“, наводно се воведните зборови во емаиот кој Жорге го испратил на својот адвокат преку кој барале тригодишен договор со многу услови.

Било побарана приватна ложа на „Камп Ноу“ за семејството на Меси, но и на Суарез со кого е голем пријател, како и авион по потреба за божиќните празници за враќање во Аргентина. Тука бил и 10 милиони евра бонус само за потпис, но и гаранција дека сите пари од кои би се откажал во тешките моменти ќе му бидат подоцна вратени со 3% камата.

Исто така барал да му се овозможи заминување од клубот кога тој ќе посака за симболична сума од 10.000 евра, клазулата од 700.000 милиони евра барал да биде поништена.

Преговорите помеѓу Меси и Барселона за нов договор започнаа во 2020 година. Се водеа долго, подоцна изби аферата бурофакс кога побара да замине една година пред истекот на договорот вреден 555 милиони евра потпишан во 2017 година.

Меси тогаш остана во клубот, но една година подоцна Барселона не можеше да му ги исполни барањата и тој сега е член на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…