Германски музичар во 2014 година напиша песна посветена на Михаел Шумахер и му испрати ЦД како подарок, а тоа пријатно ја изненади неговата сопруга која му се заблагодарила пишувајќи писмо.
Судбината на легендарниот седумкратен шампион во Формула 1 Михаел Шумахер е непозната веќе пет години. Шумахер во декември 2013 година доживеа несреќа при скијање и се здоби со тешки повреди на главата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Овие денови во јавноста се појави писмото кое неговата сопруга Корина го испратила како знак на благодарност до музичарот Саша Херченбач кој во 2014 напиша песна посветена на Шумахер.
„Сакам да ти се заблагодарам на пораките за поддршка и подарокот кој многу ќе ни помогне во овие тешки денови. Прекрасно е да се добијат толку многу пораки за поддршка и многу значи за нашето семејство. Михаел е голем борец и тој нема да престане да се бори“, напишала сопругата на Шумахер.
Во продолжение слушнете ја песната посветена на Шумахер.