Ријад Марез во четврток ја напушти репрезентацијата и пристигна во Европа да го промени клубот, а потоа буквално исчезна…
Многумина се прашуваа што се случи со Ријад Марез. Четвртокот започна со „бомба“, официјално беше потврдено дека Марез го напуштил кампот на репрезентацијата на Алжир со цел да го промени клубот, потоа беше забележан во Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се претпоставуваше дека го чека расплетот со Кутињо, неговата желба беше Шпанија. Но брзо се проширија вестите дека Барселона не е заинтересирана, посебно не за 60 милиони евра колку што бараа од Лестер, потоа започнаа шпекулации за негов трансфер во Челзи. Некои англиски медиуми овој трансфер го прогласија и како завршен, меѓутоа не се случи ништо, од Лестер во Челзи пристигна Дринквотер, но не и Алжирецот.
Одиме понатаму, Мончи се откажа, додека менаџерот на Лестер истакнуваше дека Марез може да замине само ако некој клуб ја исплати бараната сума.
На крајот, никој не доставил никаква понуда.
Што се случило?
Имено, Марез навистина беше интересен за големите клубови во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Тотенхем и Ливерпул се распрашуваа за неговите услуги, но сепак не сакаа да ризикуваат.
Според последните тврдења на англиските медиуми, Марез има четири месеци, поточно до јануари, да ја покаже формата од пред две сезони, кога беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата, во спротивно ниту еден клуб нема намера да ја испалти сумата која што ја бара Лестер.