Дома Офсајд Откриена вистинската причина зошто Роналдињо патувал во Парагвај

Откриена вистинската причина зошто Роналдињо патувал во Парагвај

Роналдињо и неговиот брат Роберто пред скоро два месеци беа уапсени откако со лажни пасоши влегоа во Парагвај.

Уште на аеродромот полицијата знаеле дека Роналдињо и неговиот брат имале лажни пасоши, но одлучиле да не ги уапсат веднаш за да не прават скандал на аеродромот туку ги пуштиле да заминат во хотелот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Роналдињо и неговиот брат неколку недели поминаа во затвор, а откако платија 1.3 милиони евра сега се наоѓаат во домашен притвор и го чекаат судењето.

Пред неколку дена Роналдињо по прв пат се огласи откако излезе од затвор, каде повторно порача дека не знаел дека пасошите биле неважечки и дека во оваа земја дошол да ја промовира новата книга, а потоа да учествува и во една хуманитарна акција.

Меѓутоа, бразилските медиуми денеска објавија дека Роналдињо не ја зборува вистината. Журнал де Бразилија денеска објави дека легендарниот играч отпатувал во Парагвар во организација на „Винпокер“ за да учествува на коцкарски турнир.

Познато е дека Роналдињо претходно во својот дом организираше илегални коцкарски турнири и наводно таа е вистинската причината тој да замине во Парагвај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Шокантни вести од Германија: Балак е во врска со поранешната девојка на неговиот починат син?!

Легендарниот германски фудбалер Михаел Балак беше фантастичен на теренот, меѓутоа остана и…