Аргентинскиот дефанзивец, Николас Отаменди се уште нема намера да ја промени средината и да ги напушти редовите на Манчестер Сити.
Отаменди се избори за многу добра минутажа кај Гвардиола, а „Граѓаните“ за добрите игри го наградија со нов договор. Имено, аргентинскиот репрезентативец денеска го продолжи договорот со Сити до летото 2020. година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аргентинецот пред две години потпиша тригодишен договор со англискиот клуб, а по шпекулациите дека би можел да го напушти Сити на крајот на сезоната како слободен играч на сцената стапија сопствениците на клубот.
На Отаменди му е понуден нов двегодишен договор, а аргентинскиот дефанзивец не размислуваше многу, одлучи да го продолжи договорот и да остане верен на клубот од „Етихад“.