Дома Фудбал Останато Осумнаесет играчи се сигурни за Бразил, но кои се останатите патници на Светско првенство?

Осумнаесет играчи се сигурни за Бразил, но кои се останатите патници на Светско првенство?

Репрезентацијата на Бразил имаше петнаесет сигурни патници во Русија на Светско првенство, а сега доби уште три соиграчи кои ќе одат со нив.

Тоа се Фред од Шахтјор, Даглас Коста од Јувентус и Едерсон кој брани за шампионот на Премиер лигата, Манчестер Сити. Бидејќи на Светското првенство може да се поведат максимун 23 играчи, место во репрезентацијата ќе добијат уште пет фудбалери.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од тие пет, едно ќе биде завземено сосема сигурно за третиот голман, а тоа најверојатно ќе биде Нето од Валенсија или Касио од Коринтианс. Покрај Едерсон кој е додаден на списокот, сосема сигурно прв голман е Алисон кој нема конкуренција во овој момент.

Две места ќе бидат пополнети со резервните бекови, а како сигурни се одличните Марсело и Даниел Алвеш. Алекс Сандро, Данило, Вагнер и Рафиња се исто така бекови, но само Алекс Сандро лев, додека останатите тројца играат на позицијата од Дани Алвеш. Алекс Сандро е сигурен патник на Светското првенство.

Миранда, Маркињос и Тиаго Силва се централни стопери, а не е познато кој би можел да се приклучи, бидејќи во овој момент некои звучни имиња и немаат на располагање. Филипе Луис е оној кој сосема сиугрно ќе патува со Бразил во Русија, но е повреден, но тој е бек и тоа е што се оденсува на одбраната.

Од средниот ред сигурни патници се Касемиро, Фернандињо, Паулињо, Кутињо, Фред, Ренато Аугусто, додека страшниот напад предводен од Нејмар го прават и Габриел Хесус, Вилијан, Даглас Коста и Фирмино.

Конечниот список на Бразил ќе биде познат на 14. мај, а Бразил во Русија игра во групата со Србија, Костарика и Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…