Менаџерот на „Плавите“, Антонио Конте не смета на услугите на 30-годишниот фудбалер. Одамна не му дава шанда за игра, па фантастичниот Бразилец веројатно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ во јануари.
Луиз се поврзуваше со преминување во Реал Мадрид и Барселона, но последните информации кои пристигнуваат од Англија носат изненадувачки вести. Главен кандидат за негов трансфер е Арсенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите на Островот тврдат дека Арсенал сака да го засили дефанзивниот ред во јануари. Луиз го гледаат како идеален за својот тим, но Челзи како што се наведува би сакал да прифати понуда од странство.
„Плавите“ најмногу би сакале да го продадат во Јувентус. „Старата дама“ исто така сака да го донесе искусниот стопер, па засега тие се првиот избор на англискиот шампион.
Луиз на двапати го ноесеше дреесот на Челзи, а во меѓувреме играше и за ПСЖ, додека европската авантура ја започна во Бенфика.