Дома Фудбал Англија Остин заработи суспензија

Остин заработи суспензија

ФА денеска го суспендираше играчот на Саутемптон Чарли Остин на три натпревари поради насилничко однесување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Остин во текот на вчерашниот натпревар против Хадерсфилд (1:1) шутна во лицето на противничкиот голман Џонас Лесла.

Остин е обвинет за насилничко однесување, тоа обвинение го прифати, но рече дека казната е престрога и побара поблага казна. ФА го одби тоа барање и 28. годишниот фудбалер ќе паузира три натпревари.

Тој ќе ги пропушти натпреварите против Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Кристал Палас и ако се опорави од повредата на тетивата која ја заработи во завршницата од натпреварот, на теренот ќе се врати на 6. јануари на натпреварот против Фулам во рамките на ФА купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

По жестоките критики: Главниот судија на мечот Аргентина – Египет штотуку направи очекуван потег

Контроверзниот меч од осминафиналето на Светското првенство меѓу Аргентина и Египет продол…