Дома Фудбал Останаа без промоција па го молат Роналдо за помош: КР7 ти си Бог на фудбалот, помогни ни!

Останаа без промоција па го молат Роналдо за помош: КР7 ти си Бог на фудбалот, помогни ни!

Играчите на португалскиот третолигаш Олханенесе одлучија да побараат помош кај Кристиано Роналдо поради ситуацијата во која се најдоа.

Пониските лиги во Португалија се прекинати поради пандемијата со коронавирусот, а Олханенсе со одлуката на ФС Португалија остана без место во вториот ранг од натпреварување.

Играчите на овој клуб одлуката на Фудбалскиот сојуз ја сметаат за неправедна бидејќи беа убедливо први. Помош се решиле да побараат од најголемата фудбалска ѕвезда во Португалија, Кристиано Роналдо.

„КР7, ти си Бог на фудбалот. Помогни ни!’, гласела пораката од играчите на Олханенесе до Роналдо, секако и му ја објасниле ситуацијата во која се наоѓаат.

Тешко е да се очекува дека Роналдо може нешто да им помогне меѓутоа барем се обиделе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трент не планира камбек на „Енфилд“: Ќе се бори за место во Реал

Александер-Арнолд е во втор план кај Мурињо, но засега не размислува за враќање во Ливерпу…