Барселона во последниот ден од преодниот рок се обиде да го донесе Дани Олмо на „Камп Ноу“, но трансферот не се реализираше.




Шпанските медиуми објавија дека Олмо веќе има договор со Каталонците и дека Барселона ќе се обиде да го реализра трансферот во јануари.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Дани Олмо е дете на Барселона. Играше за младинските селекции на овој клуб во периодот од 2007 до 2014 година, кога замина во Динамо Загреб.




23-годишниот шпански репрезентативец притиска да се врати на „Камп Ноу“, а Лајпциг за неговата слобода бара 65 милиони евра.