Дома Фудбал Англија „Олд Трафорд“ од 100.000 седишта?

„Олд Трафорд“ од 100.000 седишта?

Профитот е нешто што најмногу се бара во денешниот фудбал, понекогаш доаѓа пред резултатите, па така размислува и новиот сопственик на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф.

Јасно е дека ова е можеби најпопуларниот клуб во светот, со огромен маркетиншки потенцијал, а еден од првите планови на споменатиот косопственик на Манчестер Јунајтед е изградба на нов стадион кој ќе има 15.000-25.000 седишта повеќе од сегашниот. Во овој момент на „Олд Трафорд“ може да се сместат 74.310 луѓе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неодамна во подкаст Ретклиф истакна дека сака стадион од светска класа и дека има сериозен простор за тоа.

„Олд Трафорд“ последен пат доживеа реновирање во 2006 година, а тоа е една од причините зошто Ретклиф веќе ја започна приказната за изградба на нов стадион.

Со уште повеќе пари во касата од продажбата на билети, Манчестер Јунајтед не би морал премногу да се грижи за финансискиот фер-плеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Конте и Наполи се договорија

Како што пренесуваат италијанските медиуми Антонио Конте од следната сезона ќе седне на ко…