Дома Фудбал Останато Од УЕФА објаснија зошто пеналот на Абрахам не бил повторен

Од УЕФА објаснија зошто пеналот на Абрахам не бил повторен

Фудбалерите на Ливерпул го освоија Суперкупот на Европа откако вчера после пенал рулетот го совладаа Челзи.

После 120 минути резултатот беше 2:2, а победникот го добивме после изведувањето пенали. „Црвените“ беа подобри со 5:4, а херој беше голманот Адриан кој го одбрани последниот пенал на Абрахам.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, после натпреварот следуваа реакции зошто пеналот не бил повторен. Според новите правила голманот барем со една нога мора да биде на линијата кога играчот ќе ја шутира топката.

Адриан во таа ситуација со двете нозе беше пред линијата и според новите правила пеналот мораше да биде поништен. Сега од УЕФА, поточно Роберто Росети кој е еден од главните за судењето во УЕФА објасни зошто пенало не бил повторен.

„Голманите кои не стојат на линијата кога играчот изведува пенал ќе се казнуваат, но само во случај тоа намерно да го направат. Судијата процени дека Адриан не го прекршил ова правило со намера и поради тоа пеналот на Абрахам не беше повторен“, изјави Росети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…