Дома Фудбал Италија Од Рома признаваат: Евтино го продадовме Салах

Од Рома признаваат: Евтино го продадовме Салах

Спортскиот директор на Рома, Мончи призна дека се кае поради начинот на кој минатото лето го пушти Мохамед Салах во Ливерпул.

Неверојатниот Египќанец игра феномалено во дресот на клубот од „Енфилд“ кој Салах го доведе за сума од 42 милиони евра што во денешниот фудбал е навистина мала сума за таков фудбалер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Искрено, не постапивме добро при продажбата на Салах. Неговото останување во Рома не беше опција, но и покрај тоа можевме многу повеќе да заработиме. Состојбата на трансфер пазарот многу се промени после рекордните трансферите на Нејмар и Мбапе“, порача Мончи.

Рома за утеха и останува заработката од бонусите од кои ќе добие осум милиони евра, па трансферот на Салах ќе изнесува 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тео Ернандез нема да оди на подготовки со Милан, познат новиот клуб

Тео Ернандез е на чекор да се приклучи на Ал-Хилал откако шест години ги помина на Сан Сир…