Секоја година од „Конами“ пристигнуваат најави како новата верзија на популарната видео игра „ПЕС“ и дека во секој можен аспект ќе може да се мери со ФИФА, сепак ФИФА секогап останува доминантна, посебно на западниот пазар.
Адам Бахти, Комјунити лидерот за Европа на Конами најави дека со новата верзија „ПЕС“ сака позитивно да ги изненади играчите. Бахти во „Конами“ пристигна во 2013 година и направи навистина голем број позитивни промени. На новата позиција Бахти ќе има поголемо влијание во носењето клучни одлуки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во интервјуто за „GameRadar“ Бахти наведува дека ПЕС 2018 забележила подобро резулати од претходната верзија и дека е посебно задоволен од растот во Шпанија и Франција, но и дека ПЕС 2018 е само најава за промените кои треба да ги очекуваме.
Фокусот на новата ПЕС веројатно ќе биде ставен на играчите, но сега во уште поголема мера. Целта е со одлична фудбалска симулација на играчите да им се понуди максимален квалитет во секој дел од играта, како што се натпреварувањата, лигити, куповите лиценците, итн…Секако за да успеат ќе мораат да жртвуваат некои сегашни сегменти.
Накратко, ПЕС се повеќе ќе наликува на ФИФА.