Потпреседателот за комуникација на МЛС демантираше дека Златан Ибрахимовиќ се враќа во Милан.
Вчера првиот човек на МЛС Дон Гарбер во интервју за „ЕСПН“ објави дека Швеѓанецот ќе се врати во Милан каде што играше од 2010 до 2012 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега, откако веста силно одекна во јавноста стигна демант од потпретседателот за комуникација Дон Коуртмач.
„И покрај тоа што многу се пишуваше , Дон Гарбер не изјави дека Ибрахимовиќ ќе потпише за Милан“, напиша тој на својот Твитер профил.
Ќе потсетиме договорот на Ибрахимовиќ со ЛА Галакси истекува следниот месец и сите очекуваат Златан да се врати во Европа. Претходно Ибрахимовиќ многу се поврзуваше со Болоња каде што би пристигнал најмногу поради неговиот пријател Синиша Михајловиќ.
Despite many erroneous reports, MLS Commissioner Don Garber did not state that AC Milan was signing Zlatan Ibrahimović. The complete interview with ESPN can be found at the link below. https://t.co/go2hHH188B
— Dan Courtemanche (@courtemancheMLS) November 7, 2019