Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Од лето во тмурност и сивилно: И небото плаче по ваквата судбина…

Од лето во тмурност и сивилно: И небото плаче по ваквата судбина…

Играчите на репрезентацијата на Аргентина полека се подготвуваат за враќање дома.

Никој не сакаше да биде крај, но крајот сепак дојде. Франција беше пресилна и со 4:3 славеше во осминафиналето, па „Гаучосите“ мораат веќе денес да ја напуштат Русија, иако некои и утре летаат според новиот план.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


И додека Аргентинците се пакуваат и полека пристигнуваат, небото е сиво, дождот не престанува… Токму слика и прилика на комплетната ситуација во Аргентина по поразот од Триколорите.

Анхел Ди Марија, Серхио Агуеро, Кристијан Ансалди, Федерико Фазио, Евер Банега, Маркос Рогхо, Габриел Меркадо и Едуардо Салвио веќе заминаа, а набрзо тоа ќе го сторат и Меси и Игуаин.

Остатокот на тимот заедно со техничкиот персонал со чартер лет ќе тргнат в понеделник за Буенос Аирес.

Изминатите денови беа високи температурите и вистинско лето среде Русија, но денес е сиво и тмурно. Климата е во комбинација со аргентинската судбина, тмурна и сива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Винисиус доби „шлаканица“ Анчелоти која долго ќе ја памети

Карло Анчелоти синоќа донесе голема одлука за натамошниот тек на сезоната на Реал Мадрид. …