Дома Топ вести Од Каталонија „грмат“: Да му се одзмат на Реал последните две титули шампион на Европа!

Од Каталонија „грмат“: Да му се одзмат на Реал последните две титули шампион на Европа!

real

Некои ќе кажат дека е теорија на завера, но не можеме да кажеме дека не е логично.

Иако Жорди Алба застана во негова одбрана, медиумите во Каталонија не престануваат да го напажаат Серхио Рамос и го сметаат за виновен.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, во Каталонија сметаат дека УЕФА доколку има храброст треба да му ги одземе на Реал двете последни титули шампион на Европа, а како главни аргументи ги наведуваат имињата на Зинедин Зидан и Антонио Пинтус.

Ќе потсетиме, Зидан и неговиот тогаш персонален тренер Пинтус во средината на деведесетите со Јувентус стигнаа до три финалиња во Лигата на шампионите, славеа во едно, додека две изгубија (од Дортмунд и Реал).

Но, изби афера за која прв обвинуваше Здненек Земан.

Во прашање е допинг односно користење на недозволени средства, поточно ЕПО, кое се користи да ја зголеми издржливоста на фудбалерите. Докторот на клубот во тоа време, Рикардо Агрикола прво беше осуден, па потоа после жалбатао слободен.

Пинтус во тоа време освен што беше личен тренер на Зидан беше и кондиционен во клубот, подоцна го следеше Зидан и во Реал, каде што Французинот го доведе повторно кога седна на клупата.

Очигледно дека каде е Пинтус таму се контроверзиите – случајот од Кардиф во финалето против Јувентус со Рамос и допинг комисијата.

Пинтус со доаѓањето на Лопетеги ја изгуби работата во Реал, но Солари го врати во клубот.

Поради сето ова Каталонците веруваат дека не може да биде случајност и контроверзиите со Пинтус според нив фрлаат сенка на трите титули во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…