Дома Топ вести Од Камп Ноу се убедени дека Халанд ќе ја избере Барселона

Од Камп Ноу се убедени дека Халанд ќе ја избере Барселона

Новото раководство на Барселона е убедено дека може да ја добие битката за потписот на Ерлинг Халанд.

Според каталонски „Спорт“ од Барселона веќе ги информирале агентите на Норвежанецот дека тој ќе биде примарна цел на лето.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


И покрај финансиските проблеми и високата цена на Халанд, сепак претседателот Лапорта верува дека тој трансфер е неопходен за тимот да направи голем исчекор во квалитет.

Меѓутоа, за реализација на ваков трансфер Барселона мора да ги собере неопходните средства и мора да продаде најмалку една од своите ѕвезди. Први на списокот за продажба се Филипе Кутињо и Антоан Гризман.

Халанд е посакуван од најголемите европски клубови и неговата цена сигурно ќе биде повисока од 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…