Кошаркарската Федерација денеска, 10.12.2020 година, во конференциската сала при хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза“во Скопје, одржа редовна седница на годишното Собрание.
Седницата беше одложена поради пандемијата од COVID-19, а првично беше планирано да се одржи во месец мај, оваа година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Протоколите за заштита и превенција од ширење на коронавирусот донесоа потреба редовната седница да се одржи зад затворени врати, без присуство на гости и на претставниците на медиумите.
Согласно дневниот ред, на редовната седница на која присуствуваа 27 делегати, се „поминаа“ сите предвидени точки. Откако со минута молчење им беше оддадена почест на прерано починатите кошаркарски работници, Собранието ги усвои сите записници од вонредните дописни седници одржани помеѓу оваа седница и онаа изборната во минатата календарска 2019 година.
Генералниот Секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски, ги информираше делегатите-претставници на членките на Собранието за работата на федерацијата во изминатиот период.
Беше прегледан, и усвоен и финансискиот извештај за изминатата година.
Финална точка на дневниот ред беше техничка, промена на седиштето на Федерацијата со промена на член 5 од Статутот на КФСМ односно промена на адреса.